Ердоган: „Посакувам милост од Бога за нашиот брат Морси“

0
132

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека посакува милост од Бога за првиот претседател на Египет избран на демократски начин, Мухамед Морси, кој денес почина во судница, пренесува Anadolu Agency (AA).

Ердоган на Твитер објави фотографија на Морси по повод неговата смрт.

„Со жалење ја примив веста за смртта на мојот брат, Мухамед Морси, кој е првиот претседател на Египет избран на демократски начин. Посакувам милост од Бога за шехидот Мухамед Морси, кој ја водеше една од најголемите демократски борби во историјата“, напиша Ердоган.