Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека секој што ја почитува демократијата, мора да се согласи со резултатите на престојните избори в недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган имаше свое обраќање на редовната Генерална седница на Советот на извозници на Турција и на церемонијата за доделување на наградите „Шампиони на извозот“, каде што се осврна и на локалните избори во Истанбул, кои ќе се повторат в недела, на 23 јуни.
„Секој којшто ја почитува демократијата и правото, мора да се согласи со резултатот на изборите кои ќе се одржат в недела.“
Ердоган во своето обраќање пред присутните се осврна и на извозот на Турција, и рече дека земјата забележала раст на извозот.
„Заклучно со мај оваа година, нашиот извоз се зголеми на 171,4 милијарди долари. Растот во извозот е позитивен, но не е доволен. Веднаш треба да ја надминеме границата од 200 милијарди долари“, истакна Ердоган.
Турскиот претседател упати апел до сите бизнисмени, индустријалци, трговци и производители на Турција, и додаде: „Верувајте во вашата земја, вашата држава и во вашата иднина. Сите можности кои ги поседувате, насочете ги кон инвестиции, производство, вработување и извоз.“
Ердоган нагласи дека Турција наскоро ќе премине од земја со дефицит на тековната сметка во земја со суфицит на тековната сметка.
Исто така, претседателот на Турција нагласи дека извозниците нема да платат девизен данок при купување на девизи.
Ердоган истакна дека на ниту еден Сириец не им обезбедиле плата, туку плата им е обезбедена само на сиромашни лица и сираци кои се државјани на Турција.
„Ние не го избравме патот да гледаме сеир во наша корист за тоа што се случува, туку патот на борба за нашата земја и за нашиот народ“, рече тој.









