Претседателот на Република Турција и претседателот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја веќе го купила рускиот одбранмен систем С-400, јавувa Anadolu Agency (AA).
„Не велам само дека Турција ќе го купи рускиот одбранбениот систем С-400 туку дека веќе го купи. Тоа е веќе договорено”, рече Ердоган во обраќањето на новинарите пред седница на АК Партија во Анкара.
Исто така истакна дека Турција купува и американски борбени авиони Ф-35.
„Турција, не само дека купува американски авиони Ф-35, туку учествува и во нивно производство”, рече Ердоган, додавајќи дека со американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе разговара во врска со купувањето на Ф-35.
„Кон крајот на месецот со господин Трамп ќе се состанам во Јапонија. Се надевам дека тогаш ќе разговараме и за овие прашања”, рече Ердоган.
Повтори дека терористичките групи ЈПГ и ПЈД се продолжена рака на ПКК во Сирија.
„Кој им пружа најголема поддршка? Нашиот стратешки партнер”, рече Ердоган.










