Владата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) усвои 12-годишна национална стратегија за подобрување на квалитетот на животот во ова блискоисточна држава. Со седницата оддржана во претседателската палата во Абу Даби претседавал шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, заменик-премиер на ОАЕ и владетел на Дубаи.
Целите на националната стратегија се, до 2031 година ОАЕ да стане светски лидер по квалитетот на животот преку низа иницијативи.
Во текот на следните 12 години, ќе се спроведат 90 нови проекти кои опфаќаат 14 области и девет главни цели. На прво место, фокусот е на зајакнување на семејните односи и работа за подобрување на квалитетот на животот во градовите низ Обединетите Арапски Емирати, бидејќи голем број луѓе од целиот свет пристигнаа во ОАЕ.
Во рамките на националната стратегија, посебно внимание ќе се посвети на промовирање на здрав и активен начин на живот, зачувување на менталното здравје и усвојување на еден вид позитивен пристап кон животот.
Националната социјална опсерваторија ќе ги следи показателите за квалитетот на животот во Обединетите Арапски Емирати, доставува редовни извештаи од овој сегмент за членовите на Владата на Обединетите Арапски Емирати, предлага програми за обука за државни службеници и ќе ја започне Академијата за придобивки од идните генерации, со формирање на Националниот совет за благосостојба кој ќе го надгледува спроведувањето на стратегијата.
Кабинетот на ОАЕ го одобри Федералниот закон за биосигурност за генетски модифицирани организми (ГМО). Целта на новиот закон е да го заштити здравјето на жителите на ОАЕ од ризикот од ГМО и производите од ГМО.
BIRO










