Кина ги предупреди странските компании за последиците од приклучувањето кон Американските санкции

by Administrator

Кинеската влада ги предупредила странски компании што работат на нејзиниот пазар за последиците од нивното приклучување на американските санкции поврзани со испорака на технологија, пишува американскиот The New York Times.
Ова е последица на неодамнешното американско ставање на Huawei на “црната листа” на компаниите и активностите кои ја загрозуваат националната безбедност на САД.

Кинеското Министерство за развој и реформи, по препорака на државниот врв, ги покани претставниците на странските компании на затворениот состанок и им ги пренесе своите ставови во врска со ситуацијата. Овде потсетуваме дека големите американски компании за ИТ (приватни корпорации) одговорија на повикот на американската администрација и ја прекинаа соработката со Huawei, ризикувајќи ги огромните придобивки што ги имаат на кинескиот пазар, што резултираше со широка антиамериканска кампања на кинески медиуми и речиси целата кинеска јавност која започна со бојкот на производи од американските технолошки гиганти.

Некои британски и јапонски високо-технолошки компании имаат намера да им се приклучат на Американските санкции, па токму најверојатно е причината зошто за свикување на овој состанокот.

Американските медиуми The Wall Street Journal објавија дека на состанокот присуствуваа претставници на американските компании Интел Корп, Qualcomm Inc., ARM Holdings PLC и SK Hynix Inc., Microsoft Corp., јужнокорејскиот Samsung Electronics Co., Dell Computer Technologies Inc. и финскиот Nokia Corp.

You may also like