Опсерваторијата за човекови права во Сирија соопшти дека Сарут бил тешко ранет за време на неодамнешните судири во Хама, од каде што бил префрлен во болница во соседна Турција

(Дубаи – Портал) – Во судирите во северниот дел на Сирија загина фудбалерот Абделбасет Сарут, кој беше еден од хероите и иконите на отпорот против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).

Опсерваторијата за човекови права во Сирија соопшти дека Сарут бил тешко ранет за време на неодамнешните судири во Хама, од каде што бил префрлен во болница во соседна Турција.

„Сарут почина вчера“, соопшти Рами Абдурахман, челникот на опсерваторијата со седиште во Лондон.

Сарут е 27-годишен голман кој бранеше во сириските национални селекции во категориите У-17 и У-20, а на почетокот на војната застана во бунтовничките редови и стана командант во неговата родна Хама.

За пошироката јавност Сарут е познат како главен јунак од наградуваниот документарец „Враќање во Хомс“ од 2013 година.

Сарут беше познат и како „пејач на револуцијата“, бидејќи на интернет, вклучувајќи го и „Јутјуб“, објави голем број песни за револуцијата, патриотизмот и независноста.

Mahir Demişoski