(Дубаи – Портал) – Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека Европа не е во позиција да го критикува Техеран за воените капацитети и ги повика европските лидери да ги нормализираат економските врски со Исламската Република Иран, без оглед на санкциите на САД, објавија светските новински агенции.

„Европејците и другите потписнички на нуклеарниот договор треба да ги нормализираат економските врски со Иран. Ние ќе ги прекинеме нашите обврски или ќе преземеме мерки во согласност со нивните“, рече Зариф.

Mahir Demişoski