Избраниците на Шенол Ѓунеш во Коња ја совладаа Франција со резултат 2:0

(Дубаи – Портал) – Фудбалската репрезентација на Турција се погрижи за најголемо изненадување во третото коло од квалификациите за Европско првенство 2020 година. Избраниците на Шенол Ѓунеш во Коња го совладаа актуелниот светски првак Франција со резултат 2:0 (1:0), јавува Anadolu Agency (AA).

Стрелец на водечкиот гол за Турција беше Кан Ајхан во 30 минута од натпреварот. Десет минути подоцна судбинага на големите фаворити во групата „Х” ја запечати Џенгиз Ундер, фудбалерот на Рома.

Италија ја декласираше Грција во Атина во групата „Ј” во која нешто порано Босна и Херцеговина претпре пораз од Финска во Тампере. Италијаците беа немилосрдни и славеа со резултатот 0:3.

Во групата „Х” Турција има 9 бодови, Франција 6, Исланд 6, Албанија 3, Андора 0. Во групата „Ј” на прво место е Италија со 9 бода, потоа следуваат Финска со 6, Грција со 4, БиХ 4, Ерменија со 3 и Лихтенштајн со 0 бодови.

Mahir Demişoski