Вршителот на должноста претседател Касим-Јомарт Токаев изјави дека казахстанскиот народ ќе гласа за иднината на земјата.
(Дубаи – Портал) – Во Казахстан утрово започнаа претседателските избори во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Централната изборна комисија на Казахстан, до 10:00 часот по локално време (0400GMT), на гласање излегле 12,8 отсто од вкупно 11,9 милиони гласачи.
Избирачките места беа отворени во 7:00 часот по локално време (0100GMT), а ќе се затворат во 20:00 часот (1400GMT).

Вршителот на должноста претседател Касим-Јомарт Токаев изјави дека казахстанскиот народ ќе гласа за иднината на земјата.
По гласањето, претходниот, долгогодишен претседател Нурсултан Назарбајев рече дека доаѓа нова генерација со нови размислувања која ќе го поведе Казахстан кон нови височини.
Mahir Demişoski










