Тара Шарифи (11), ученичка со потекло од Иран, во Оксворд го извршила таканаречениот Mensа тест на интелигенција и постигнала неверојатен број поени – дури 162! Според британските медиуми, нејзиниот резултат е за два поени повисок од проценетиот резултат на Алберт Ајнштајн и неодамна починатиот физичар Стивен Хокинг.
Девојчето полагало невербален тест кој бил фокусиран на нејзината способност да го разбере значењето на зборовите.

“Бев шокирана кога дојде резултатот, не очекував дека ќе имам толку поени”, изјавила Тара, додавајќи дека одлучила да оди на тестирањето Mensin со согласност со нејзините родители. Импресивните резултати ги споделила со другарите од училиштето кои биле воодушевени од нејзиниот успех.
Она што пособено ја радува Тара е запознавањето со другите членови на Mensа.
“Би сакала во иднина да правам нешто што е поврзано за математиката”, порачала Тара.
Нејзиниот татко Хусеин е горд на успехот на нејзината ќерка:
– Пред да одлучиме, како семејство, Тара да оди на Mensа тестот за интелигенција се случуваше заедно кога гледаме ТВ програм Тара пред другите натрпреварувачи ги реши математичките задачи . Мислев дека математиката само добро и оди, ама не претпоставува дека нејзиниот интелигенција е толку висока.
Организацијата Менса, која собира суперинтелигентни луѓе, има околу 140.000 членови од повеќе од сто земји низ целиот свет. Услов за членство е да се реши тестот и да се постигнат резултат кој на кандидатот го става во два проценти на најинтелигентната популација.
BIRO










