(Дубаи – Портал) – Во операцијата „Шепа“ („Pençe“) во областа Хакурк во северниот дел на Ирак која што започна на 27 мај досега за 13 дена се неутрализирани вкупно 43 терористи на ПКК
Во операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува веќе 13 дена во областа Хакурк во северниот дел на Ирак, досега се неутрализирани вкупно 43 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
Во рамките на операцијата се уништени 53 мини и експлозивни уреди од рачна изработка, а се доведени во неупотреблива состојба и 74 пештери и засолништа на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
Во меѓувреме, во областа Куту Дереси кај градот Тунџели внатре во земјата е реализирана операција на една пештера каде што се неутрализирани 5 вооружени терористи жени.
Mahir Demişoski







