(Дубаи – Портал) – ЕУ никогаш нема да биде компелтна без Западен Балкан, но мора да ја замени „геополитиката“ со вистинска геополитика, рече генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, зборувајќи на ГЛОБСЕК форумот во Братислава, заедно со претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Европската унија мора да биде подготвена Западен Балкан навистина да го постави како свој геополитички приоритет и политичките судири на Западен Балкан да ги обликува како борба ЗА или ПРОТИВ Европа. Ваквиот пристап ќе помогне да се оддржи стабилноста и влијанието во сопствениот двор, оптоварен со проблеми“, нагласи Брегу.

Зборувајќи на панелот „Западен Балкан – оддалечување од Европа“, Брегу потенцираше дека „Западен Балкан припаѓа на европскиот ланец на вредности и мора цврсто да остане на патот на демократијата, слободата, правата на поединецот и на оддржливиот развој“.

Mahir Demişoski