Кралот Селман се заблагодари на Ердоган за напорите кои Турција ги вложи за време на претседавањето со Организацијата за исламска соработка.

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска имаше телефонски разговор со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган и кралот Селман, покрај обостраното честитање по повод Рамазан бајрам, разговараа за билатералните односи на Турција и Саудиска Арабија и за важни регионални прашања.

Кралот Селман се заблагодари на Ердоган за напорите кои Турција ги вложи за време на претседавањето со Организацијата за исламска соработка (ОИС).