Претседателот Ердоган оствари телефонски разговори со албанскиот премиер Еди Рама, малезискиот премиер Махатхир Мухамед, претседавачот со Домот на Народите на Парламентарното Собрание на БиХ Бакир Изетбеговиќ и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам оствари телефонски разговори со лидерите на неколку земји.

Претседателот Ердоган разговараше одделно со премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Малезија Махатхир Мухамед, претседавачот со Домот на Народите на Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќи со претседателот на Палестина Махмуд Абас.

Во сиве овие одделни телефонски разговори претседателот Ердоган и лидерите на наведените земји си го честитаа меѓусебно муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам.