Интервенцијата на безбедносните сили започна во понеделникот во утринските часови.
КАРТУМ (АА) – Шеесет лица ги загубија животите во интервенцијата на Војската врз демонстрантите во суданскиот главен град, Картум, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Лекарскиот комитет на Судан, бројот на убиените демонстранти од страна на Воениот совет пред генералното седиште во Картум се зголеми на 60. Интервенцијата на безбедносните сили започна во понеделникот во утринските часови.
– Настани во Судан –
Армијата на Судан пред неколку дена интервенираше во суданскиот главен град, Картум, врз демонстрантите кои со недели одржуваа „Дежурство за демократија“. По интервенцијата, некои опозициски партии и институции во Судан упатија повик до Воениот совет да се распушти.
Безбедносните сили на Судан употребија вистински куршуми и солзавец врз демонстрантите собрани пред седиштето на Армијата. Опозициските извори тврдеа дека најмалку 40 лица ги загубиле своите животи.
Во соопштението на Лекарскиот комитет на Судан беше нагласено дека стотици лица биле повредени во нападот, од кои повеќето се наоѓаат во критична здравствена состојба.
Демонстрациите кои започнаа во Судан на 19 декември 2018 година поради економската криза брзо се проширија и во главниот град, Картум, и се претворија во демонстрации против режимот. Армијата на 11 април објави дека ја презема власта и на тој начин беше ставен крај на 30-годишниот режим на Омар ал Башир.
По преземањето на власта од страна на Армијата, демонстрантите протестираа за да се премине кон цивилна власт и преговараа со Армијата за тоа како треба да биде формирана преодната влада.









