Експлозијата се случи по бајрам намазот пред џамија на северот на Авганистан.

КАБУЛ (AA) – Најмалку 2 лица загинаа, а 12 се ранети во бомбашки напад кој утрово се случи пред џамија во северниот авганистански град Нахреин, јавува Anadolu Agency (AA).

Гласноговорникот на полицијата во покраината Баглан, Ахмет Џавид Бешарат, за АА рече дека бомбата на мотоциклот е активирана пред џамија во центарот на градот.

Експлозијата се случи во моментите кога верниците излегувале од џамија во која клањале бајрам намаз.

Меѓу ранетите има повеќе животнозагрозени, а полицијата трага по напаѓачите.

Досега никој не ја презел одговорноста за нападот.