(Дубаи – Портал) – Најмалку три деца во појасот Газа секој месец остануваат доживотно исклучени за нормален живот како резултат на вооружениот конфликт и повредите на Израел, објавија податоците од Светската здравствена организација (СЗО).
Извештајот на СЗО, објавен во петокот, ги наведе податоците собрани помеѓу март 2018 и март 2019 година, и изјави дека само во изминатата година, вкупно 172 жители на Газа биле повредени на таков начин што биле оневозможени за живот, од кои, 36 биле деца, што значи дека едно лице е под влијание секој втор ден.
Ампутациите сочинуваат огромна пропорција на постојани пречки, при што најчестата причина се високи интензитетни рани што резултира со 121 ампутација. Здравствените агенции и организации предупредија дека бројот би можел да се зголеми ако медицинските услуги во Газа не се надградат под итно.
Во извештајот се наведува дека овие надградени здравствени услуги можат да згрижат помеѓу 1.209 и 1.746 пациенти кои до сега веќе побарале специјализирано терциерно лекување со цел да се опорават од своите повреди.
Во извештајот исто така стои предупредување дека “без овој сегашен третман во Газа, бројот на ампутации драстично би можел да се зголеми во 2019 година. ”
Во текот на изминатата година израелскиот сили убија околу 305 Палестинци во Газа и повредија 28.104; Од кои 92 проценти се мажи, а осум проценти од нив се жени. Од повредените, 22 проценти – или 4.673 – се деца.

Огромното мнозинство од повредите што беа нанесени за време на Големиот марш на Враќање, т.е. серијата неделни протести долж оградата со Израел што се одржаа за да го добијат палестинското право да се вратат во домовите на кои тие биле принудени да ги напуштат од патот за создавање на државата Израел во 1948 година. Демонстрациите станаа крвави кога израелските сили почнаа со пукање на мирни демонстранти од Палестина.
Солзавецот беше најзначајната причина за повредите, што резултираше со 10.768 ранети, додека вкупно 6,872 рани од куршуми сочинуваат 25 проценти од сите повреди, од кои повеќето се однесуваат на горните и долните екстремитети.
Понатаму, израелските напади врз болниците и медицинските центри во последниве години ја влошија здравствената криза во енклавата, попречувајќи ги медицинските услуги и распоредувањето на странски итни медицински екипи. Ова предизвика огромен притисок врз веќе изнемоштениот систем за здравствена заштита во Газа, кој страда од недостаток на персонал, модернизирана технологија и од суштинско значење медицински ресурси кои се влошуваат поради земјината, морската и воздушна блокада на Газа од Израел од 2007 година.
“Интервенциите за траума во Газа не се само одговор на итни случаи, туку и долгорочна инвестиција во градењето на капацитетот на здравствениот систем за решавање на критичните празнини во услугите кои опстојуваат со години”, рече Гералд Рокеншауб, шеф на канцеларијата на СЗО за окупираната палестинска територија.
Mahir Demişoski










