„Турција продолжува да е надеж за сите свои пријатели и за човештвото, иако е изложена на терористички напади, блокади и замки додека стои гордо со својата демократија и економија“
(Дубаи – Портал) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција продолжува да биде надеж за целото човештво со својата демократија и економија, и покрај терористичките напади и замки, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција продолжува да претставува надеж за сите свои пријатели и за човештвото, иако е изложена на терористички напади, блокади и замки додека стои гордо со својата демократија и економија“, изјави Ердоган.
Ердоган рече дека е тажен поради луѓето што страдаат од угнетување и сиромаштија за време на светиот месец Рамазан низ целиот свет.
Велејќи дека светот поминал низ значителни промени, тој нагласи дека Турција е подготвена да се спротивстави на овој критичен период со сета своја сила.
Турскиот претседател истакна дека Турција е во поволна позиција со своите инвестиции, проекти и јавни услуги имплементирани во последните 17 години.
Mahir Demişoski










