Откако Турските вооружени сили во понеделникот ја започнаа операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК, во подрачјето на Хакурк неутрализирани се 27 терористи.
(Дубаи – Портал) – Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи на ПКК во северниот ирачки регион Хакурк, како дел од операцијата „Канџа“, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Досега, во подрачјето на Хакурк неутрализирани се 27 терористи, откако Турските вооружени сили во понеделникот ја започнаа операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.
Mahir Demişoski








