Иранската полиција во Техеран на кратко приведила два европски дипломати кои биле на забава на која биле присутни и мажи жени.
Тоа според иранскиот закон е забрането, пренесе агенцијата Тасним.
Во извештајот е потврдено дека британскиот и холандскиот дипломат пуштени се вчера изутрина, после потврдување на идентитетот.
Како е потврдено, на забавата имало присутни мажи жени, ама не е прецизирано дали имало и алкохол.
Во Иран не е легално да се употребуваат алкохолни појалоци како ниту и организирани групни дружење на муслимански жени и мажи кои не се во сродство.
Сепак, двете такви активности дозволени им се на припадниците на христијанското малцинство.
I









