Сириската државна агенција САНА соопшти дека противвоздушната одбрана на сириската војска реагирала на напад на израелското воздухопловство кое гаѓало цели југозападно од Дамас и позиции на сирската војска во покраината Кунеитра.
Во агресијата на воздухопловството на ционистичкиот ентитет загинале три сириски војници, и седум биле ранети.
САНА потврдува дека синоќа во 03.22 часот по локално време забележани биле непријателски воздушни цели како доаѓаат од правец на окупираната Голанска висоравнина.
Сириската противвоздушна одбрана ги соборила сите проектили кои летале на позициите и онјектите на владините сили во југозападен Дамаск.
Израелското воздухопловство спроведе нов бран на напади во зората околу 04.10 часот и истрела неколку проектили на источното подрачје на југозападната покраина Кунеитра. Во тој напад загинале три војници, а седум биле ранети. На позициите на владините сили забележана била материјална штета.
ВИДЕО: дејство на сириското ПВО
#Syrian air defenses respond to #israeli targets in the southern countryside of #Damascus pic.twitter.com/AmOxUgbN08
— ayham marjeh (@Ayhammarjeh) June 2, 2019
Претходно израелските сили потврдија дека од Сирија се испалени два проектили на Голанската висоравнина,а воздушните удари се спроведени во знак на одмазда. Израелската војска потврдила дека погодила бројни воени цели во Сирија како освета за воениот напад на окупираната Голанска висоравнина.
Снимките или фотографиите на наводниот сириски напад не се објавени, а израелски извори наведуваат дека во “нападот“ немало жртви.
“Сметаме дека сирискиот режим е одговорен за гранатирање на Голан и цврсто ке делуваме против секој обид да се наштети на израелските цивили. Гаѓани се две артилериски батерии, посматрачки и разузнивачки центар во една против воздушна одбрамбена батерија S-75 (SA-2)“, стои во соопштението објавено на официјалната страница на израелската војска.
Видео – Израелски извор на снимка на удари на сириско набљудувачко место во Кунеитра, близу “границата“ со окупиран Голан.











