(Дубаи – Портал) – Италијанските медиуми јавија дека крузерот ја изгубил контролата во каналот Џудека и удрил во туристичко бротче и пристаништето.

ВЕНЕЦИЈА (АА) – Пет лица се повредени во Венеција откако крузер заринка и удри во друго пловило, пренесува Anadolu Agency (AA).

Италијанските медиуми јавија дека крузерот ја изгубил контролата во каналот Џудека и удрил во туристичко бротче и пристаништето.

На снимките кои се објавени на социјалните мрежи може да се види ударот на крузерот во бротчето и пристаништето, како и паниката меѓу туристите.

Mahir Demişoski