(Дубаи – Портал) – По најавите дека Интер го обезбедил трансферот на Елиф Елмас, од Турција пристигнува информација дека Македонецот сепак ќе заврши во Атлетико Мадрид во трансфер вреден 14 милиони евра.
Магазинот „Боксер“ пред два дена објави дека Елиф Елмас е фудбалер на Интер откако Фенербахче ја прифатил понудата на „нероаѕурите“ вредна 11 милиони евра. Сепак, од Турција сега пристигнуваат нови информации за иднината на Македонецот.
Фанатик пишува дека друг европски гигант ја добил битката за популарниот „дијамант“ и Елиф Елмас ќе се пресели во Мадрид. Весникот пренесува дека Атлетико доставил понуда вредна 14 милиони евра, па двата клуба си подале рака.
Делегација на „колчонероси“ наскоро ќе отпатува за Истанбул за да го финализира трансферот и доколку нема некои изненадувања, Елиф Елмас ќе биде засилување за Диего Симеоне а не за Антонио Конте како што велеше претходниот извештај.
Фанатик додва дека самиот Елиф Елмас одиграл клучна улога бидејќи преферирал да ја продолжи кариерата во Шпанија. Тој сметал дека Ла Лига повеќе одговара на неговиот стил на игра па им дал збор на Атлетико и Симеоне.
Mahir Demişoski










