(Дубаи – Портал) – Кај градот Игдир на турско-иранската граница дојде до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и терористите при што животот го загубија тројца турски војници, а четворица војници беа ранети.

Во вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и терористите кај градот Игдир во близина на турско-иранската граница животот го загубија тројца турски војници, а четворица војници се ранети.

Кај градот Игдир на турската страна на границата со Иран дојде до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и група припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се обидуваа да се префрлат преку турско-иранската граница.

Во вооружената престрелка животот го загубија двајца војници, а 5 мина беа ранети од кои еден потешко.

Ранетите војници беа префрлени на лекување во Државната болница во градот Игдир, но и покрај сите напори на лекарите еден војник им подлегна на раните и го загуби животот.

На тој начин бројот на загинатите војници се зголеми на тројца, а лекувањето на четворица војници продолжува.

По вооружената престрелка беа испратени дополнителни безбедносни сили и беше започната операција против терористите во областа.

Mahir Demişoski