(Дубаи – Портал) – Претседателот Ердоган истакна дека Турција со стабилноста, внатрешниот мир, демократијата и единството и заедништвото на своите граѓани претставува остров на спокојството.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа учествуваше на програмата што се одржа по повод светата ноќ Кадир (Лејлетул Кадир) на Мегданот Дортјол во Општина Есенлер во Истанбул.
Овде Ердоган им се обрати на насобраните граѓани на кои им го честита Лејлетул Кадир.
Претседателот Ердоган истакна дека Турција со својата стабилност, внатрешниот мир, демократијата и единството и заедништвото на своите граѓани, претставува остров на спокојството.
“Ги доставувам моите поздрави до сите наши браќа кои ја доживуваат радоста да го дочекаат Рамазан насекаде во Турција и во светот. Од овде ги испраќаме нашите дови (молитви) до нашите браќа во Сирија кои го отвораат својот пост под бомбите, недолжните деца во Јемен кои не можат да најдат ниту корка леб, ранливите лица во Авганистан, Ирак, Пакистан и Либија кои се приморани да го поминат Рамазан под сенката на судирите, палестинските бегалци чии срца 70 години горат со носталгија по својата татковина.” – рече Ердоган.
Тој укажа дека онолку колку што е значајно да се дочека Бајрам толку е значајно и да се живее согласно духот на месецот Рамазан и вредностите кои што ги претставува, а воедно потсети дека се планира (денеска) на Мегданот Јеникапи во Истанбул од страна на Фондацијата за верски прашања Дијанет на Турција да се организира програма во чии рамки со учество на 313 илјади лица ќе се клања намаз теравија на т.н. Ендерунски начин.
Велејќи дека муслиманите поминуваат низ еден тежок период, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган привлече внимание на тоа дека во светот се пролева муслиманска крв, и се вршат зулуми и масакри.
Претседателот Ердоган додаде дека пред сиве овие болки Турција со својата стабилност, внатрешниот мир, демократијата и единството и заедништвото на своите граѓани, претставува остров на спокојството.
Mahir Demişoski








