Четири лица се повредени и над десетици станови се оштетени во неколку земјотреси кои утрово ги погодија градовите на југот и југоистокот на Албанија.

(Дубаи – Портал) – Четири лица се повредени и десетици станови се оштетени во неколку земјотреси кои утрово ги погодија градовите на југот и југоистокот на Албанија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Институтот за геонаука, енергија, вода и животна средина на Албанија (IGJEUM) забележа земјотрес со магнитуда од 5.3, 5, 4.7 i 3.7 според Рихтер, на територијата на општината Корча. Според официјалното соопштение на Министерството за одбрана на Албанија, епицентарот на земјотресот е селото Флоч во општина Корча.

Се соопштува дека четири лица се упатени во Регионалната болница во Корча на медицински третман, откако се повредени во текот на оштетувањето на становите. Според првичните информации, тие се надвор од животна опасност.

Во регионот на Корча, исто така, оштетени се околу 100 станови, а некои од становите се ненаселени повеќе години.

Потресување на тлото од помал интензитет е забележано и во регионот Ѓирокастро, но засега властите не соопштија дали има повредени во тоа подрачје.

Албанија во последните години ја погодија неколку земјотреси кои предизвикаа материјална штета.

Mahir Demişoski