По повод одбележувањето на Денот на белите ленти, во знак на сеќавање на 3.176 убиени и исчезнати жители на Приједор во текот на војната во БиХ, во Сараево постaвени се фотографии со имињата и краткаta биографија на убиените жители на Приједор
САРАЕВО (АА) – По повод одбележувањето на Денот на белите ленти, во знак на сеќавање на 3.176 убиени и исчезнати жители на Приједор во текот на војната во Босна и Херцеговина, во големиот парк во Сараево постaвени се фотографии со имињата и краткаta биографија на убиените жители на Приједор, јавува Anadolu Agency (AA).
Големиот парт во Сараево денес беше исполнет со фотографии, но и играчки, кои ги симболизираат 102 убиени деца во Приједор.

Симболиката на белите ленти потекнува од мај 1992 година, поточно кога властите на босанските Срби издадоа наредба сите Бошњаци и Хрвати во Приједор да постават бели чаршафи на своите прозорци, а на улица да не излегуваат без бели ленти на рацете. Вака идентификувани, цивилите беа носени во логори, каде беа жртви на масакр, измачувања и силувања.
Веќе неколку години се истанува значењето на одбележувањето на 31. мај, но и се порачува дека е потребно да се негува културата на ова сеќавање и да не се заборават злосторствата кои се сторени во тој дел од БиХ, но и во другите места.

– Што се случи во Приједор?
Војната во БиХ само што беше започната, а во март 1992 година на чело на Управата за државна безбедност за Приједор е поставен Симо Дрљача, кој веднаш во рок од еден месец ги вооружува сите 1.775 Срби кои се на должност во 13 полициски станици во градот.
Српските единици, вечерта на 29 април го преземаат во свои раце градот Приједор, во кој во тоа време живее претежно Бошњачко население. Српските единици кои се вооружени со тешко оружје, на 23 мај 1992 година ги нападна селата во околината на Приједор. Во масакрот спроведен во Приједор и неговата околина, убиени се 3.176 цивили, од кои 102 деца.
Србите на 31 мај 1992 година преку локалното радио ја објави наредбата „Сето несрпско население на прозорците да обеси бели чаршафи, а доколку излезе на улица, на раката да носат бела лента“.
Цивилите од несрпско население кои беа принудени да ги спроведат наредбите на српските окупаторски сили, со овој метод беа идентификувани. На овој начин идентификуваните цивили, беа носени во логори, каде беа жртви на масакр, измачувања и силувања.
Во тој период околу 30.000 цивили од Приједор се префрлени во логорите во Омарска, Кератерм, Козарац, Трнополје и Мањаца, а десетици илјади лица беа протерани од родните огништа.
31. мај во Босна и Херцеговина се споменува како Ден на белите ленти.











