(Дубаи – Портал) – Денес, Петок, 31 мај, во главниот град на Авганистан, Кабул, терористички бомбашки напад изврши бомбаш-самоубиец во воена колона на западната коалиција, т.е.НАТО сојузот. Авганистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека четворица цивили загинаа, а тројца други се ранети. Командата на НАТО на Алијансата во таа земја објави дека четворица американски војници се ранети.

Одговорноста за нападот беше преземена од страна на талибанците, а во изјавата објавена на еден од порталите под нивна контрола, стои дека два автомобили на странски војски се уништени и 10 американски војници се убиени, меѓу кои и команданти.

Како потсетување: во изминатава недела, ова е веќе втор самоубиствен терористички напад во Кабул, а минатата ноќ експлодира бомба во близина на зградата на Воената академија на Маршал Фахим, која според податоците досега воспоставена, загинаа 6 лица и ранија 16 лица, од кои 4 цивили.

Mahir Demişoski