Населбите изградени на територијата која ја отвори Израел во Блискоисточната војна во 1967 година се сметаат за нелегални според меѓународното право и ги осудуваат поголемиот дел од земјите во светот.
(Дубаи – Портал) – Израелското Министерство за јавни работи и населби отвори тендер за изградба на 805 нови домови во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Како што објавија локалните медиуми, новите станбени објекти ќе бидат градени во населбите Рамот и Писгат Зеев во Источен Ерусалим.
Населбите изградени на територијата која ја отвори Израел во Блискоисточната војна во 1967 година се сметаат за нелегални според меѓународното право и ги осудуваат поголемиот дел од земјите во светот.
Израел од 1967 година под окупација ги држи Источен Ерусалим и Западниот Брег. Во Источен Ерусалим се наоѓаат околу 200.000, а во Западниот Брег двојно повеќе еврејски доселеници. Сите новоизградени еврејски населби на тоа подрачје според меѓународните норми се нелегални.
Меѓу Западен Брег и Ерусалим, Израел изгради „ѕид на раздвојување“, со кој се спречува доаѓање на Палестинците во Ерусалим. Паралелно со тоа, Израел од 2006 година под ембарго ја држи и палестинска Газа.
Mahir Demişoski









