Граничните единици при турската Команда на градската жандармерија, откриле одредени групи кои на илегален начин се обиделе да ја преминат границата.
(Дубаи – Портал) – Во турскиот град Едрене фатени се 382 нерегуларни мигранти кои се подготвувале на илегален начин да ја напуштат Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Граничните единици при турската Команда на градската жандармерија, откриле одредени групи кои на илегален начин се обиделе да ја преминат границата.
За време на истражувањата во различни места во подрачјата на Лалапаша, Енез, Мерич и Ипсала, биле фатени 382 нерегуларни мигранти со потекло од Ирак, Алжир, Египет, Мароко, Палестина, Еритреја, Авганистан, Пакистан, Сомалија и Бангладеш.
Фатените мигранти биле пренесени во Дирекцијата за миграција во Едрене.
Mahir Demişoski










