Новите парламентарни избори во Израел ќе се одржат на 17 септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентарните избори во Израел беа одржани во април оваа година, а лидерот на партијата Ликуд и израелски премиер, Бенјамин Нетанјаху, не успеа да формира коалиција која ќе има мнозинство во израелскиот Парламент (Кнесет).
Синоќа со гласовите на 74 пратеници распуштен е новоизбраниот состав на Кнесетот, а Израелците ќе го бираат новиот состав на Парламентот на 17 септември.
Нетанјаху со партијата Ликуд на априлските избори беше релативен победник со освоени 36 пратенички места, но не успеа да го собере десничарскиот блок и да го започне петтиот последователен мандат на чело на Владата.
За неформирање на Владата и за неопходното повторување на изборите, Нетанјаху го обвини лидерот на партијата Израел наш дом и поранешниот министер за одбрана, Авигдор Либерман.
„Либерман го предизвика и тоа што одржавме предвремени избори во април, бидејќи сакаше да освои уште некој глас што не го доби“, изјави Нетанјаху.
Тој го обвини Либерман и дека е левичар, а не десничар како што се претставува.











