„За првпат во нашата историја, половина од сите наши министри се жени“, истакна новоизбраниот претседател на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса

(Дубаи – Портал) – Бројот на министерствата во новиот Кабинет на Јужноафриканската Република, од 36 се намали на 28, додека половина од министрите на овој кабинет се жени, пренесува Anadolu Agency (AA).

„За првпат во нашата историја, половина од сите наши министри се жени“, истакна новоизбраниот претседател на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса, во своето телевизиско обраќање.

Рамафоса нагласи дека Кабинетот има значителен број млади лица.

„За подобра координација и продуктивност, бројката на нашите министерства, од 36 ја намалуваме на 28 министерства“, додаде тој.

Рамафоса на изборите кои се одржаа на 8 мај, доби 58 отсто од гласовите и стана претседател на оваа земја.

Mahir Demişoski