(Дубаи – Портал) – За 23 минути игра во второто полувреме од финалето во Баку, Челси и Арсенал понудија богата серија на дури 5 погодоци од кои 4 завршија зад грбот на Петр Чех. Челси ја освои Лигата на Европа со головите на Азар, Педро и Жури. Еврогол на Ивоби за публика.
Еден од оние кој беше меѓу најдобрите и најзаслужните за овој резултат на „сините“ беше Оливие Жиру кој постигна гол, запиша асистенции, а врз него беше направен пеналот кој потоа го реализираше Азар. Французинот е пресреќен што успеа да помогне и што клубот го подигна овој трофеј кој за него е специјален.
-Првото полувреме беше интересно, ама немаше голови. Ова беше добро финале, ние бевме подобри, бевме поефикасни во второто полувреме. Многу сум горд, овој тим заслужи нешто да освои. Ова беше посебно за мене, среќен сум за овој клуб. Ова е мојот втор трофеј за две години. Овие два клуба го сменија мојот живот, ми дадоа можност да играм во Премиер Лигата. Не сакав да славам против Арсенал, ама многу сум горд што го освоив овој трофеј со Челси. Кога ќе ми дадете шанса да играм, секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе. Втората цел беше да ја освоиме ЛЕ откако обезбедивме Топ 4 пласман, па затоа се чувствувам благословен, -истакна Жиру.
Mahir Demişoski









