Причинета е голема материјална штета, а поради торнадата во некои училишта нема настава.
(Дубаи – Портал) – Централните делови на Соединетите Американски Држави (САД) ги погоди торнадо кое усмрти едно лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Потврдено е дека во Охајо торнадото зафатило автомобил во кој се наоѓало 81-годишно лице. Торнада се регистрираат веќе втора недела по ред на подрачјето на Индијана и Охајо, а повредени се 90 лица.
Според податоците на Националниот метеоролошки завод, регистрирани се повеќе од 50 торнада. Причинета е голема материјална штета, а поради торнадата во некои училишта нема настава.
Mahir Demişoski









