„Сè оди како што е планирано, нема никакви задоцнувања“
МОСКВА (АА) – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека процесот за испорака на руските системи за воздушна одбрана „С-400“ на Турција напредува во согласност со утврдените термини и нема никакво задоцнување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков, во изјавата за новинарите, во Нурсултан, главниот град на Казахстан, се осврна на процесот на испораката на „С-400“ во Турција.
„Процесот на испорака напредува во согласност со закажаните термини“, рече Песков, и додаде: „Сè оди како што е планирано, нема никакви задоцнувања“.
Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, во изјавата дадена пред некое време рече дека тврдењата на Соединетите Американски Држави (САД) дека Турција не сака да ги купи системите „С-400“ не ја одразуваат реалноста.









