Во соопштението издадено од израелската Армија се вели дека рибарската зона била намалена на 10 од 15 наутички милји, откако во Израел биле пуштени запаливи балони од страна на Газа.

(Дубаи – Портал) – Израел ја намали рибарската зона околу блокираниот Појас Газа како одговор на огнот од палестинска територија, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението издадено од израелската Армија се вели дека рибарската зона била намалена на 10 од 15 наутички милји, откако во Израел биле пуштени запаливи балони од страна на Газа.

Одлуката беше донесена само една недела откако Израел ја прошири рибарската зона на 15 наутички милји, како дел од договорите посредувани од Египет, ОН и Катар.

Израел ги обвинува палестинските фракции за пуштањето на запаливи балони, коишто предизвикаа пожари на стотици хектари земјоделско земјиште во израелските заедници околу Појасот Газа.

Mahir Demişoski