„Со добра вест за Албанија и Северна Македонија, Европската комисија ја повтори својата минатогодишна препорака за двете земји да ги отворат преговорите за членство”, напиша Хан на социјалната мрежа на Твитер.
(Дубаи – Портал) – Европската комисија (ЕК) препорача започнување на преговори за членство во Европската унија (ЕУ) за Северна Македонија и за Албанијa, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, го објави пакетот за проширување.
„Со добра вест за Албанија и Северна Македонија, Европската комисија ја повтори својата минатогодишна препорака за двете земји да ги отворат преговорите за членство”, напиша Хан на социјалната мрежа на Твитер.
Хан, кој ја поздрави препораката за отворање на преговорите за членство во ЕУ за Албанија и Северна Македонија, истакна дека сега останува Европската унија (ЕУ) да остане посветена на вреднување на постигнувањата на двете соседни балкански земји од Западна Европа.
Следно е предлогот на ЕК да биде одобрен и од Советот на министри на земјите членки на ЕУ.
Mahir Demişoski










