Со гранатирање со топовски батерии, копнените сили и авионите на Командата на водухопловните сили започнаа операција во која учествува и бригада командоси.

(Дубаи – Портал) – Турските вооружени сили започнаа голема антитерористичка операција во подрачјето на Хакурк, северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).

Со гранатирање со топовски батерии, копнените сили и авионите на Командата на водухопловните сили ја започнаа операцијата во која учествува и бригада командоси.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Турција се вели дека воената офанзива била започната со цел неутрализирање на терористите во подрачјето, како и уништување на пештерите и засолништата кои ги користеле.

Од Министерството се нагласува дека операцијата се одвива според планираното.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

Mahir Demişoski