Светската здравствена организација истакна дека во Триполи животот го загубиле вкупно 562 лица, од кои 40 се цивили, а 2.855 лица се повредени.

(Дубаи – Портал) – Бројот на луѓе кои ги загубија своите животи во конфликтите во околината на Триполи, Либија, што се случуваат во последните два месеца се зголеми на 562, пренесува Anadolu Agency (AA).

Светската здравствена организација, во својата писмена изјава истакна дека во Триполи животот го загубиле вкупно 562 лица, од кои 40 се цивили, а 2.855 лица се повредени.

Генерал Калифа Хафтар, лидер на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април издаде наредба за заземање на главниот град Триполи, по што единиците на Владата на национално единство на Либија ја започнаа операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот).

Судирите меѓу единиците на Претседателството на советот на Владата на национално единство на Либија (UMH), признаени од меѓународната заедница и силите поврзани со Хафтар во Либија продолжуваат повеќе од два месеца. Во Либија, кризата за легитимитет продолжува од 2011 година.

Mahir Demişoski