(Дубаи – Портал) – Трговскиот обем помеѓу Турција и Узбекистан во првите 4 месеци од оваа година со раст од 26,1 отсто достигна до 730,6 милиони долари со што Турција е петти по големина трговски партнер на Узбекистан.

Обемот на трговијата помеѓу Турција и Узбекистан во првите 4 месеци од оваа (2019) година со раст од 26,1 отсто достигна до 730,6 милиони долари и Турција стана петти по големина трговски партнер на Узбекистан.

Според објавеното соооштение од Државниот комитет за статистика на Узбекистан, износот на вкупната надворешна трговија на Турција со Узбекистан изнесува 5,8 отсто.

На тој начин, Турција во првите 4 месеци од оваа година после Кина, Русија, Казахстан и Јужна Кореја стана петти по големина трговски партнер на Узбекистан.

Трговскиот обем помеѓу двете земји во првите 4 месеци од оваа година со раст од 26,1 отсто достигна до 730,6 милиони долари.

Во наведениот период, извозот на Узбекистан за Турција изнесуваше 347,1 милиони долари, а од Турција увезе 383,5 милиони долари.

Во периодот јануари-април во 2019 година најголем трговски партнер на Узбекистан е Кина со надворешна трговија од 20,3 отсто и  2 милијарди 552 милиони долари, втора е Русија со надворешна трговија од 15,9 отсто и 1 милијарда 998,8 милиони доалри, а трет е Казахстан со надворешна трговија од 8,4 отсто и 1 милијарда 54,4 милиони долари.

Обемот на трговијата помеѓу Турција и Узбекистан минатата година се зголеми за 39,9 отсто и достигна до 2 милијарди 171,8 милиони долари.

Mahir Demişoski