(Дубаи – Портал) – Претседателот Ердоган им се заблагодари на уметниците и спортистите за нивните заслуги за земјата и истакна дека уметноста и спортот се заеднички вредности на нациите.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа во Дворецот Долмабахче во Истанбул се состана со уметниците и спортистите.
Ердоган им се заблагодари на уметниците и спортистите за нивните заслуги за земјата.
Велејќи дека културата, уметноста и спортот се заеднички вредности на нациите, Ердоган нагласи дека на тој начин уметниците и спортистите, односно оние кои имаат прифонес во културата, уметноста и спортот, со делата кои што ги ствараат и успесите кои што ги постигнуваат се личности кои претставуваат сопственост на целата нација.
Затоа, рече Ердоган, се обидуваат постојано да им придаваат важност и уважување на највисоко ниво на уметниците и спортистите, се водат обиди за проширување на нивните можности така што државната поддршка која што е доставувана на културните манифестации во споредба со 2002 година е зголемена за 50 пати и износот на дадената поддршка само на секторот на кинематографијата е зголемен за повеќе од 40 пати.
Велејќи дека најмодерната зграда на Турција во стандарди на опера е Конгресниот и културен центар на претседателството, претседателот Ердоган потсети дека исто така и во Таксим се гради оперски и културен центар кој што ќе му доликува на славата на Истанбул.
Тој рече: “Доколку не дојде до нешто непредвидливо во 2021 година Иншаллах ќе ја завршиме изградбата на оперската зграда, позната по нејзиното старо име Културен центар Ататурк.”
Нагласувајќи дека ставаат во примена мошне значајна поддршка и инфраструктурни услуги и за спортистите, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека денеска Турција од аспект на бројот на спортските објекти е издигната на ниво кое што буди понос и дека бројот на спортисти со лиценца од 280 илјади е зголемен на над 9 милиони.
Mahir Demisoski









