(Дубаи – Портал) – Во денешните дуели од последното коло во Првата МФЛ најинтересно беше на Арената Тоше Проески каде Работнички во директен дуел за Лига Европа загуби со 2-1 од екипата на Шкупи со чаирчани се пласираа во второто европско натпреварување заедно со А.Пандев и Македонија ЃП додека Шкендија ќе игра квалификации за ЛШ.
Лигата ја напуштаат Беласица и Победа додека Силекс ќе игра бараж за опстанок.
Тренерот на фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, Умит Каран, истакна дека по завршувањето на првенството во Турција, почнал да добива понуди од други фудбалски тимови од оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Да, има понуди. Верувам дека ќе бидам успешен и во мојата земја. Понудите ќе ги оценам“, рече Каран.
Тој за АА истакна дека сезоната во првата фудбалска лига на Северна Македонија со тимот на ФК Шкупи ја завршил на четвртото место, со освоени 48 поени, и додаде дека нивните цели се да постигнат успех и во УЕФА Лига Европа.
Каран, истакнувајќи дека е задоволен од успехот на неговата екипа, нагласи: „Ако сакате во нешто да успеете, треба да се фокусирате на целта. Се наоѓавме на долните позиции во табелата, таму каде што се испаѓа од лигата. Сега стигнавме до место кое обезбедува пласман во европските купови. Сега е време таму да се напише историја. За сè има чаре, освен за смртта“.
Умит Каран, објаснувајќи дека постои формула за создавање тимски дух, го рече следното:
„Како прво, секој дел од екипата треба да знае да се насмевне. Потоа екипата да стане една целина. Не смее вашата десна нога да оди на една страна, а левата на спротивна. Ќе научиме да делуваме заедно. Насмевката значи мечтаење. Ако мечтаете, ќе успеете. Кога сте очајни, топката веќе е фрлена во аут. Нема потреба да се трча. Ние така направивме. Без омаловажање на нашиот противник, го набљудувавме, го истраживме, го анализираме и на крајот успеавме да напредуваме. ГИ анализиравме неговите слаби точки. И карјниот резултат е добар. Верувам дека ќе постигнеме успех и во Европа. Најмалку ќе трчаме по нашите соништа. Каков и да е резултатот, ќе играме верувајќи во себе“.
Каран истакна дека по завршувањето на првенството во Турција, почнал да добива понуди од други фудбалски екипи.
„Не е во ред да споменувам имиња на екипи. Моментално се наоѓам на чело на една екипа и имаме натпревари пред нас. Верувам дека ќе бидам успешен и во мојата земја. Понудите ќе ги оценам“, рече Умит Каран.
Mahir Demisoski










