(Дубаи – Портал) – Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, вечерва, со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Чинар” ќе приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед, јавува Охридњуз
Оваа манифестација во покровителство на градоначалникот се организира традиционално неколку години наназад и има за цел да ги зајакне односите помеѓу граѓаните, да го потврди почитувањето на верските различности и да го зачува соживотот во Охрид.
Mahir Demişoski









