(Дубаи – Портал) – Полицијата во градот Хаген(Hagen) соопшти дека по јавување на жителите за пожарот во џамијата во улицата Елберфелдер(Elberfelder), организирана е акција во која приведен е еден бездомник кој живеел на железничка станица.

Продолжуваат истрагите на обвинителството и полицијата.

Пожарот во џамијата, која работи со Исламската заедница Мили Горус (Milli Gorus) (IGMG) бил предизвикан во раните утринските часови во саботата. Запалени се кантите и кутиите за џубре пред џамијата, а поради пожарот кој избувнал, нанесена е и материјална штета на џамијата. Настрадани нема.

Семејствата со деца од горниот кат во џамијата беа евакуирани поради пожарот.

Mahir Demişoski