(Дубаи – Портал) – Македонски автобус остана без покрив откако возилото удри во надвозник во близината на бугарскиот град Пловдив.
Возачот не го забележал предупредувањето за ограничена висина од 3,3 метри на возилата кои можат да поминат под надвозникот, па удрил во надвозникот, при што буквално останал без покривот, јавуваат бугарските медиуми.
За среќа, во инцидентот нема настрадани, а во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но предизвикана е значителна материјална штета.
„Инцидентот се случил околу 6:30 до 7:00 наутро. Имаше многу гласна бучава. Очигледно, возачот не ја оцени висината “, изјави Венко, кој работи во близина и бил сведок на несреќата.
Mahir Demişoski










