(Дубаи – Портал) – Баерн Минхен го освои трофејот од Купот на Германија откако вечерва со 3-0 славеше во Берлин против РБ Лајпциг, Роберт Левандовски и Кингсли Коман донесоа нова радост.
Нико Ковач иако беше често критикуван и се најавуваше негово заминување, ја заврши сезоната со двојна титула. Откако ја освoија Бундеслигата, „баварците“ вечерва триумфираа и во Купот на Германија.
Баерн лесно ја доби пресметката со РБ Лајпциг во финалето и на крајот славеше убедлива победа од 3-0.
Роберт Левандовски постигна два гола и испиша историја. Тој со 6 погодоци стана најдобриот стрелец во Берлин и финалните средби од купот.
Во листата на стрелци се запиша и Кингсли Коман, кој имаше убав соло пробив.
Mahir Demişoski









