(Дубаи – Портал) – Во врска со иницијативите во јавноста околу тоа чија треба да биде обврската за обезбедувањето на касарните, ве информираме дека Министерството за одбрана не ја поддржува идејата за приватно обезбедување на касарните. Се согласуваме дека обезбедувањето на касарните не треба да биде обврска на војниците од активниот состав на Армијата, кои треба да се сконцентрирани на развој на војничките способности, зачувување на безбедноста и стабилноста на државата и помош на граѓаните секогаш кога има потреба за тоа, што беше препорака и од НАТО. Ја разгледуваме можноста за формирање на државно претпријатие за обезбедување на касарните, каде би биле вработени професионални војници со навршени 45 години возраст, кои по закон треба да останат во работен однос.

Mahir Demişoski