(Дубаи – Портал) – Џулијан Асанж се соочува со затворска казна од 175 години во САД, после новите обвиненија за шпионажа за заговор со Челзи Менинг.

Според Викиликс, обвиненијата, од кои 17 се под акт за шпионажа од Првата светска војна, носат 175 години затвор, ако бидат осудени.

Додека пак, организацијата го повикува Министерот за внатрешни работи Сајид Џавид, да ја блокира екстрадицијата на основачот, во Америка.

Од таму јавуваат дека Јавид бил под “огромен притисок да ги заштити правата на слободниот печат во Велика Британија, како и на други места”, откако нејзиниот основач бил соочен со голем број на нови обвиненија од страна на американското Министерство за правда.

Асанж (47), кој моментално е затворен во Велика Британија, се соочува со 18 точки, кои се однесуваат на неговата “наводна улога во еден од најголемите компромиси на доверливи информации во историјата на САД”.

Mahir Demişoski