(Дубаи – Портал) – За време на операциите во северниот дел на Ирак дојде до вооружена престрелка со група терористи на сепартистичко-терористичката организација ПКК при што загина еден турски војник.
За време на операциите на Турските вооружени сили (ТВС) кои што продолжуваат во северниот дел на Ирак дојде до вооружен судир со група терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
Во судирот загина еден турски војник.
Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана се вели следното: „За време на операциите кои што продолжуваат во северниот дел на Ирак во вооружена престрелка со терористите на ПКК загина еден наш јуначки соборец. Се реализирани артилериски истрели врз областа каде што се наоѓаат терористите. Во областа продолжуваат операциите поддржани од воздух.“
Mahir Demişoski










