(Дубаи – Портал) – Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека во име на Турција му се заблагодарил на Назарбаев за неговото лидерство, неговите напори и визијата по прашањето на развојот на односите помеѓу Турција и Казахстан.
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Казахстан, Нур-Султан се состана со основачкиот претседател на оваа централноазиска република Нурсултан Назарбаев.
Во направената проценка по средбата, Чавушоглу истакна дека во име на Турција му се заблагодарил на Назарбаев за неговото лидерство, неговите напори и визијата по прашањето на развојот на односите помеѓу Турција и Казахстан.
Велејќи дека Турција секогаш ја цени визијата која што ја поставува Нурсултан Назарбаев за казахстанскиот народ и Казакистан, како основачки претседател, Мевлут Чавушоглу рече: „Уште еднаш ја изнесуваме нашата благодарност до него за неговото лидерство, неговите напори и визијата по прашањето на развојот на односите помеѓу Турција и Казахстан.
Чавушоглу подвлече дека Назарбаев вложува напади и изнесе една голема визија за обединување на турскиот свет и дека благодарение на оваа иницијатива беше формиран Турскиот совет.
Мевлут Чавушоглу потсети дека поради неговото лидерство на турскиот свет и заслугите за Турскиот совет претседателот Реџеп Тајјип Ердоган предложи на Назарбаев да му се додели титула „Почесен претседател на Турскиот совет“ и со поддршка и на претседателите на другите земји беше одлучено да му се додели оваа титула на Назарбаев.
Чавушоглу напомена дека Нурсултан Назарбаев кој има големи заслуги и труд во формирањето на Турскиот совет и стекнувањето со својата денешна состојба, е прогласен за вечен почесен претседател.
На крајот од својот говор министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу му се заблагодари на Назарбаев за приемот.
Mahir Demişoski









